Филмот „Пресвета Богородице спаси не“ ја очекува фестивалската премиера на фестивалот на верски филм во Чивушката република
Режисерката на играно документарниот филм „Пресвета Богородице спаси ме“ Весна Димитровска Бобевски стигна во градот Чебогсар во Чивушката република, во Русија, каде се одржува меѓународниот филмски фестивал на религиозен филм. Филмот Филмот е на Македонската православна црква и со него Димитровска Бобевски учествува во официјалната конкуренција за фестивалски награди.
„Фестивалот започна, филмот е единствен преставник од Македонија. Станува збор за реномиран меѓународен фестивал, под покровителство на Патријахот Кирил. Првиот впечаток за фестивалот е дека станува збор за реномирана манифестација со оглед на организацијата која успеав да ја проследам за неколку часа колку што сум тука. Од денеска ќе имам можност да ги проследам и филмските остварувања кои оскаровецот Никита Михалков ги селектирал и се борат за награди, рече Димитровска Бобевски за Дума.мк.
Филмот „Пресвета Богородице спаси ме“ говори успеа да влезе рамо до рамо со останатите филмови на фестивалот на малите земји што ќе се одржи во Чувашка Република во централна Русија и на фестивалот „Златен витез“,во Западен Сибир.
Тој е со видеоизменет запис, од него се издвоени во посебен филм останатите светители и сега во него се говори за за ликот и делото на мајката Божја и нејзината мисија пред и по смртта на нејзиниот син. „Да ја извадиме на површина човечноста во нас“, е главната порака на филмот.
Овој филм ја доживува својата втора фестивалска премиера во Русија. Првата се случи пред две години ,на седумнаесетиот меѓународен фестивал Радожен во Москва.