Афористичкиот поглед на Коки и неделава вперен кон жените

Објавено на 6 февруари, 2023 во 11:55

Во новите шест афоризми што неделава имате можност да ги прочитате на прво место е афористичкиот мониторинт над жените на Коки кој не ги заборавил ниту политичарите.

Читајте и насмевнете се:

-Постојат жени кои можат недвосмислено да се поистоветат со мачките: не гледаат во кој скут предат.

-Ги влечете жените за јазикот, па потем се прашувате зошто тој им е толку долг.

-Чувствувам длабока почит и неизмерна љубов кон својата сопруга и никогаш не би ја заменил…за полоша.

-Штом некој политичар во својот мандат не успеал да стекне неколку стана, викендичка со базен, луксузен автомобил и дебело девизно конто во некоја странска банка, значи дека тој воопшто не бил добар политичар.

-Сметајќи на своите сопруги, многумина луѓе се покажале како лоши математичари.

-За разлика од некои спортови, во љубовта е мошне тешко да се сочува центарот.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.