Издумани Крлевизми – „Кај нас и организираниот криминал е хаос“

Објавено на 17 ноември, 2023 во 11:43

Афористичарот Атанас Крлевски со нови седум издумани крлевизми за читателите на Дума.мк. Читајте, насмејте се и ширете само позитивна енергија!

-Многу политичари се разбираат во сѐ. Освен во политика!

-Кај нас и организираниот криминал е хаос.

-Критиката не е опструкција. Опструкцијата е немање работа.

-Ја изгубија мерата, па грабаат без мерка.

-Целта на Тројанскиот коњ е да ве направи магаре.

-Бракот е последната глупост на ергенлакот.

-Цврсто стои на неговиот став: клечи на колена.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.