Издумани Крлевизми: „Се радувам на зголемените цени. Скенирам повисоки, фискални сметки“
Објавено на 9 февруари, 2024 во 13:10
Нови седум издумани Крлевизми од афористичарот Атанас Крлевски за читателите на Дума.мк. Прочитајте ги, насмевката е загарантирана!
-На тие што им лета умот не оставаат траги.
-Тештата? Брачно советувалиште на терен.
-Своеглавиот е убеден дека е свој човек.
-Се радувам на зголемените цени. Скенирам повисоки, фискални
сметки.
-Освен матичарот, никој друг не ме сфатил сериозно.
-Стандардот ми скокна. Во нов кредит!
-Бракот ми е песна, Жена ми е кантавтор!
Афористичар
Атанас Крлевски
Дума.мк