Издумани Крлевизми за љубовта: „Љубам – значи постојам! Познавам многу луѓе кои не постојат.“

Објавено на 23 февруари, 2024 во 12:01

Велешкиот афористичар Атанас Крлевски по повод месец февруари или месецот на љубота, овој петок исправи десет Издумани Крлевизми за читателите на Дума.мк. Секој Крлевизам е на тема љубов, ваше е да ги прочитате, да се насмевнете и најбитно да ширите љубов секаде околу Вас. Уживајте:

-Никогаш сум немал резервна љубов. Секоја моја љубов е безрезервна.

-Љубовта со пари не се купува, но ова е време на безготовинско плаќање.

-Денес љубовта е чудо. Цело чудо за три дена.

-Љубам – значи постојам! Познавам многу луѓе кои не постојат.

-Како да се заљубам во умна жена, кога љубовта и умот не одат заедно.

-Ако во љубовта ви постават граници, воведете си безвизен режим!

-Со баба Мара имаме разбирачка и за мувањето, само што таа го нарекува: сурогат љубов.

-Љубовта е слепа: единствена причина зошто ме сака жена ми.

-Љубовта ни започна со полетување кон седмото небо, а ни заврши со принудно заземјување.

-Од невозвратената љубов, жената се разделува со солзи, а мажот со тахикардија.

Афористичар

Атанас Крлевски

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.