Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“ и велешката библиотека објавија конкурс за афоризми

Објавено на 17 август, 2023 во 12:12

Сите љубители на афоризми коишто пишуваат и имаат над 18 години можат да учествуваат на конкурсот за афоризми коишто го распиша Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ и велешката библиотека „Гоце Делчев“. Темата на конкурсот е „Човек“ и целта на истиот е да го стимулира македонското литературно сатирично творештво, со посебен акцент на афоризмот.

Секој автор што сака да учествува потребно е да испрати најмногу 10 афоризми во ворд документ со ариел 12 и може да учествува само со еден сет на афоризми.

-Право на учество имаат сите автори над 18 години. Афоризмите може да се веќе објавувани. За сите доставени дела организаторот го има правото за нивно објавување и изложување во јавност. Делата се доставуваат електронски на [email protected] со назнака за афористички конкурс и целата комуникација со учесниците се одвива преку е-адресата [email protected]. Секој учесник треба да достави полно име и презиме и адреса, она што е битно е дека членовите од организаторите и жири-комисијата немаат право да учествуват на конкурсот, соопштија од Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“.

Жири комисија од три члена ќе ги избере трите најдобри афоризми и ќе ги додели наградите. Наградата за првото место е златна плакета, второто место сребрена и третото место бронзена плакета. Специјалнтаа награда е Диплома за најдобар афоризам на конкурсот.

Клубот на писатели и градската библиотека „Гоце Делечв“ ги покануваат сите заинтересирани автори своите афоризми да ги достават најдоцна до 30 август, годинава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.