Коки: „Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е!“

Објавено на 18 март, 2024 во 10:43

Велешкиот афористичар Коки понеделнички со шест нови афорзми за читателите на Дума.мк. Уживајте:

-Можеби звучи парадоксално, но денес, кој нема во главата…главен е!.

-Ако времето е пари, тогаш многуте наши забегани, алчни, бездушни и бесрамни корумпирани политичари, не знаат што да прават со времето.

-Лошиот маж е како лошиот ученик: честопати други им ги изработуваат домашните задачи.

-Професионалното искуство на мојата колешка и допринесе активно да учествува во поделбата на работата :на директорот да му ги троши парите, а на сопругот…паметот.

-Ако сте згазиле на “луд” камен, не значи дека треба да облечете лудечка кошула.

-На еволуцијата и требале милениуми за да успее од мајмунот да направи човек, а човекот денес претставува најсовршена машина која може да ја направи секоја будала

Афористичар

Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.