Коки: „Првите рогови се како првите заби, обично болат“

Објавено на 27 мај, 2024 во 09:23

Нови седум афоризми од велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк кои секој понеделник со нетрпение ги очекуваат и коментираат. Уживајте!

-Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг.

-Во нашето судство сеуште постојат мошне чесни, одговорни, сериозни судии и адвокати: нив не можете да ги купите за смешни пари.

-Женаму носи лисица околу вратот, а тој две…на рацете.

-Импотентните професори се најголемата гаранција, дека оценувањето на убавите студентки ќе биде објективно.

-Првите рогови се како првите заби, обично болат.

-Не е недостојно да бидеш овчар, недостоен е обидот и желбата на работодавачот од вас да направи…овца.

-Пешакот е Крал на пешачкиот премин, но честопати се случува да биде матиран од некој КОЊ…зад воланот.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.