Коки: „Сега веќе се e јасно – се знае и кој пие и кој не е платен“

Објавено на 13 ноември, 2023 во 12:13

Афористичкото перо на Никола Бошковски Коки ги напиша новите шест афоризми за оваа работна недела. Дума.мк ви ги пренесува:

„- Сега веќе се e јасно – се знае и кој пие и кој не е платен.

– Честопати ме измачуваат ноќни кошмари, ме влечат во длабочина огромни ОКТОПОДИ, ме колваат ЦРНИ ОРЛИ, ме раскинуваат крвожедни ЛАВОВИ…

– Сите му се тргнуваа од патот и тој пак се направи сам.

– Откако остана без коса и стана ќелав, сега партнерките можат единствено да му најдат влакно…во јајцето.

– Беше тоа љубов на прв поглед, кога се венчаа веќе беше доцна подобро да се загледаат.

– Таа ги одби многуте кандидати,зашто љубовта ја сфатија како спорт- сите посакуваа да бидат…ПРВИ.“

Поздрав,

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.