Коки: „Женаму носи лисица околу вратот, а тој две…на рацете“

Објавено на 18 декември, 2023 во 09:49

Афористичкото перо на велешанецот Никола Бошковски Коки ги напиша новите шест афоризми за оваа работна недела. Дума.мк ви ги пренесува:

-Женаму носи лисица околу вратот, а тој две…на рацете.

-Не им вреди многу на луѓето да бидат полнолетни за в брак, кога во бракот го губат правото на глас.

-Како и за секое оружје, така и некои партиски портпаролки, треба да поседуваат дозвола за носење…јазик.

-Сите мажи се исти, рекоа жените, и продолжија да ги одбираат.

-Постојат луѓе кои можат недвосмислено да се поистоветат со кукавиците: ставаат јајца во туѓи гнезда.

-Првата љубов најдолго се памети, можеби затоа што многуте луѓе успеале да извлечат поука од сопствената грешка.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.