Коки: „Жените честопати не знаат што бараат, ама…си ги остваруваат желбите“

Објавено на 26 февруари, 2024 во 09:57

Понеделнички шест нови афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Прочитајте ги, насмевнете се и изберете го вашиот омилен денешен афоризам. Уживајте!

-Жените честопати не знаат што бараат, ама…си ги остваруваат желбите.

-Во голема заблуда сте ако помисливте дека политичарите држејќи се за рака, се поздравуваат: тие само си го пипаат пулсот.

-Ниту клептоманките не се во состојба на некои луѓе нешто да им дигнат.

-Кога момчињата им се умилкуваат на девојките, наликуваат на мноштвото политичари во предизборието: ветуваат и она што не можат никогаш да го исполнат.

-Потковицата носи среќа, но среќата ќе биде уште поголема ако успеете да ги пронајдете останатите три…и коњот.

-Сите доктори не го започнуваат прегледот со соблекување на пациентките: некои така го завршуваат.

Афористичар

Никола Бошков Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.