Понеделнички шест нови афоризми од велешкиот афористичар „Коки“

Новата седмица, понеделнички, започнете ја со насмевка предизвикана од новите шест афоризми напишани од перото на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Уживајте!
-Многу жени чувствуваат потреба нивните мажи да им скокаат онолку, колку што секојдневно скокаат цените.
-Директорот и секретарката долго време ја подготвуваа завршната сметка: сега го очекуваат деветмесечниот биланс.
-Полн сум со немир кога ќе помислам дека групниот секс би можел да прерасне во колективен.
-Креветот во кабинетот на професорот, прославува скромен јубилеј: десеттата студентка се здоби со диплома.
-Така е тоа денес таткото ја фали ќерката, свекрвата синот а жената …комшијата.
-Понекогаш на теренот фудбалерите се соочени со амнезија но тука се гледачите да ги потсетат дека имаат мајки, жени, сестри…
Афористичар
Никола Бошков – Коки
