Велешкиот афористичар Коки со шест нови афоризми
„Драги читатели на веб порталот Дума.мк уживајте во новите шест афоризми. Смејте се и ширете само позитивна енергија“, вашиот Коки.
Во продолжение новите афоризми:
-Физиолошки гледано, женскиот мозок е полесен, но за разлика од машкиот, решен е пофункционално.
-Комшијата е затоа да ви се најде тогаш кога сте во невоља, но меѓутоа мошне непријатно е ако тој ви се најде в кревет.
-Единствено на вљубениот нудист не можат да му се сокријат чувствата.
-Комшијата ми вели дека пуши цигара само после секс, еве година наназад не сум го видел да стави в уста ниту една цигара.
-Разликата меѓу атомската и секс-бомбата се состои во тоа што првата има полна, а втората…празна глава.
-Во Отоманската Империја постоеле аги, но и денес кај нас, во Повардарската епархија, се уште опстојува и функционира неприкосновениот и уникатен ага, агата Ангел.
Афористичар
Никола Бошков – Коки