Ликовна изложба со дела од 35 жени, вечерва, во дом на Култура „Иван Мазов Климе“

Триесет и пет жени, ликовни автори од повеќе градови на Македонија, вечерва, со почеток во 19:00 часот, во Галерија при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе ги изложат своите ликовни дела на изложбата насловена „Женско писмо“. Како што соопштија од „Иван Мазов Климе“, оваа изложба се организира во пресрет на Меѓународниот ден на жената 8-ми март.
-Со свои дела на изложбата учествуваат: Македонка Димова – Кавадарци, Т. Алексовска – Скопје, Верче Николоска – Прилеп, Александра Димитрова – Кочани, Мирјана Массетти – Гевгелија, Љубица Солак – Битола, Васка Дудин – Неготино, Марина Убавкова – Кавадарци, Роска Трајкова – Кавадарци, Стефанија Печкова Коцева – Кавадарци, Соња Самарџиева – Кавадарци, Александра Богоеска – Прилеп, Анита Огњановска – Скопје, Анита Сотирова – Прилеп, Тодорка Пејовска – Кавадарци, Ива Јосифова – Кавадарци, Наташа Бошковска – Кавадарци, Јасмина Стојчески – Кавадарци, Анамарија Митриќеска Калчева – Скопје, Бојана Тошевска – Битола, Јулијана Милкова – Кавадарци, Марија Танчева, Лина Тренкоска – Македонски Брод, Сара Милевска – Кавадарци, Радица Лелова – Кавадарци, Марина Филова – Кавадарци, Наде Ѕмбова Донева – Кочани, Маријана Панова – Сопот,Кавадарци, Илина Атанасова – Кавадарци, Мила Јованова – Кавадарци, Теодора Ставрова – Гевгелија, Симона Најдова – Кавадарци, Кјара Нефовски – Скопје, Ј. Ивановска – Скопје, Мелани Цветковска – Куманово, Анастасија Кујунџиќ – Кавадарци, појаснија од Дом на култура „Иван Мазов Климе“.
Отворањето на изложбата ќе добие и мултимедијален карактер со поетско – музички перформанс во изведба на ученици од сите средни училишта од Кавадарци со поддршка на нивните ментори и музички дел на клавијатуристот Ангел Јосифов.
Стефани Манева
