Младен Крстевски е годинешен добитник на наградата „Маестро на актерската сцена” на Mеѓународен фестивал во Русија
Македонскиот актер и режисер Младен Крстевски престижната награда „Маестро на актерската сцена” ја доби на Меѓународен Театарски Фестивал „Руска класика” за исклучителна и бравурозна актерска изведба. На театарскиот фестивал што од 21 до 29 мај 2024 година се одржа во градот Лобња, кај Москва, настапи Младинско детскиот театар„ Крин“ со претставата “Добрите – зли, Злите – добри” од Даниел Крстески, Андреј Недевски и Младен Крстевски.
Претставата не пренесува во светот на приказните, каде што секогаш победува доброто. Ликовите на Добрата Јана (Роза Галиулина) и нејзиниот херој, Розовиот Пантер (Ане Павлов) на крајот од приказната го победуваат Лошиот Дедо (Младен Крстевски) кој исто така настапи и во улогата на Раскажувачот.
Годинава, на меѓународниот театарски фестивал „Руска класика” беа прикажани претстави од повеќе земји меѓу кои и од Република Македонија.
Убавка Јаневска