(видео) Наградата за животно дело „Петре Прличко“ годинава ја добива Тони Михајловски
Македонскиот театарски и филмски актер Тони Михајловски е годинешен добитник на престижната актерска награда за животно дело „Петре Прличко“. Одлуката ја донесе жири комисијата составена од актерите Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов и Слободанка Чичевска. Образложувајќи ја едногласно донесената одлука за доделување на наградата, Чичевска меѓу другото рече дека годинешниот добитник Михајловски е театарски и филмски актер кој над три децении е дел од македонската култура и уметност и е почитуван поради талентот, карактеристичноста и посветеноста кон уметноста.
Досега Тони Михајловски три пати бил наградуван на Македонски театарски фестивалите „Војдан Чернодринки“ како и на фестивалот „Охридско Лето“. Исто така, добитник е и на „Златна Бубамара на популарноста“ додека во странство добива награди и на фестивалот „Јоаким Интер Фест“ во Крагуевац, соседна Србија.
На лауератот наградата ќе му биде врачена на пригодна свеченост во рамките на одржувањето на фестивалот „5ре“ којшто годинва ќе се одржи по трети пат од 20 до 31 март во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“.
Стефани Манева