Нова театарска претстава, промоција на книга и изложба во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“

Објавено на 23 мај, 2022 во 09:54

Неколку настани се планирани во текот на наредните денови во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци. Театарот при дом на култура премиерно ќе ја изведе претставата комедија „Како да (не) снимиш мрсен филм“. Адаптаијата и режијата се на Диме Коцевски а во претставата играат Видан Станоев, Александар Видиков, Саше Орешков, Надица Ангелкова, Кристина Јованова, Деан Атанасов, Сијче Трајкова, Никола Деков, Диме Коцевски. Претставата ќе биде одиграна во салата при дом на култура на 25 мај, среда, со почеток во 20:00 часот.

Во галеријата при дом на култура Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје. Изложбата ќе биде отворена на 30 мај, понеделник, во 12:00 часот. Истиот ден, во салата на Дом на култура ќе биде одиграна и првата реприза од театарската претстава „Како да (не) снимиш мрсен филм“ со почеток во 20:00 часот.

Втората реприза од театарската претстава ќе биде одиграна на 1 јуни, вторник, со почеток во 20:00 часот.

На 3ти јуни, петок, во галерија при Дом на култура Кавадарци ќе се оддржи промоција на романот на годината „Денот на црвот“ од Симона Јовановска во организација на Фондацијата “Славко Јаневски“. Промоцијата ќе започне во 12:00 часот.

Во петок, на 3 јуни, исто така, ќе биде одиграна и третата реприрза од театарската претстава „Како да (не) снимиш мрсен филм“ со почеток во 20:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.