Патрониот празник на ООУ„Васил Главинов“ одбележан и со премиера на театарска претстава „Мудроста што го водеше Александар Македонски“ (фото и видео)

Од една иновативна а од друга страна едукативна со бројни податоци поврзани со историската личност Александар Македонски како и неговото семејство, театарската претстава „Мудроста што го водеше Александар Македонски“ на сценарио и во режија на Весна Димитрова Бобевски вчера вечер ја воодушеви присутната публика во Голема сала на Општина Велес. Претставата беше премиерно прикажана на патрониот празник на ООУ„Васил Главинов“ и неа комплетно ја одиграа 18 ученици. Дел од нив беа наратори кои извонредно ги прикажаа историските факти додека останатите го носеа играниот дел.


Публиката ги доживеа ликовите на Александар Македонски кого го толкуваше ученикот Ристе Темелков, Филип Македонски одигран од ученикот Робертино Цаневски, Олимпија ја одигра ученичката Ивана Милошева, Аристотел кого го толкуваше ученикот Марко Мишковски, Дариј беше ученикот Тео Зарев, Диоген го толкуваше ученикот Давор Пановски и Евнухот беше Филип Инчев. Како наратори во претставата настапија учениците Јана Трипуновска, Теодора Панова, Марија Стефановска, Јована Илиева, Ангела Здравковска, Илија Најдов, Изабела Димков,Маргарита Наунова,Марија Ѓоргиева, Матеја Рускјакова, Георгина Димовска и Михаела Витeва.


Директорот на ООУ„Васил Главинов“ Драги Коцевски го прашавме зошто во активностите за одбележување на патрониот празник се подготови и премиерно прикажа театарска претстава.
Комплетната авторка на претставата Весна Димитрова Бобевски одговара на нашите прашања од каде идеата за подготовка на вака комплексна претстава која содржи и голем број на податоци што за прв пат се обелоденуваат.
Еве како учениците ја доживеаа претставата.
Театарската претстава „Мудроста што го водеше Александар Македонски“ е добро да ја погледнат што поголем број на ученици, наставници и нивни родители.
Убавка Јаневска


