Пламен Тодев добитник на „Почесно Рациново признание“ за 2023 година (фото и видео)
Литературниот критичар и истражувач, издавач и автор на текстови на популарни песни во Бугарија, Пламен Тотев е годинешен добитник на „Почесното Рациново признание“. Педесет и девет годишниот Тодев е дипломец на бугарска филологија на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ со специјализација на историска поетика на бугарската книжевност. Тодев во издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија, до 2023 година, издал 55 книги преведени од македонски на бугарски јазик од 34 македонски автори.
Поточно преведено од македонски на бугарски јазик е творештвото на македонски автори Луан Старова, Оливера Николова, Владимир Плавевски, Јагода Михаиловска-Георгиева, Киро Донев, Паскал Гилевски, Венко Андоновски, Драги Михаиловски, Томислав Османли, Александар Прокопиев, Душко Родев, Влада Урошевич, Блаже Маневски, Ермис Лафазановски, Горјан Петревски, Киро Донев, Димитар Башевски, Михајло Свидерски, Фросина Пармаковска, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Живко Грозданоски, Ненад Јолдески, Натали Спасова, Игор Станојоски, Сашко Насев, Стефан Марковски, Сашко Насев, Ксенија Николова, Винка Саздова, Ѓорѓи Крастевски и други рече на денешната прес конференција членот на Организациски одбор на културната манифестација „60 Рацинови средби“, режисерот Ненад Витанов.
„Почесното Рациново признание“ на годинешниот добитник, Пламен Тотев, му се доделува за посебен придонес кон преводот од македонски јазик, издавањето на публикации и промовирањето на македедонската книжевност и култура во Бугарија. Наградата составена од паричен дел во износ од 60.000 денари и Признание ќе му биде доделено на свеченото затворање на „60 Рацинови средби“ што ќе се одржи на 15 јуни. во Амфитеатар на Младински парк во Велес.
Убавка Јаневска