Поради временските услови можна е промена на локацијата на Европското патувачко кино
Европското патувачко кино под отворено небо започна на 9 јуни и по трет пат годинава носи наградувани и возбудливи европски филмови со проекции на отворено за публиката ширум земјата.
На 16 и 17 јуни, закажани се проекции во амфитеатарот на Младински парк во Велес, но поради временските услови, поточно, доколку продолжат дождовите, истите ќе бидат прикажани во Големата сала на Општина Велес.
Проекцијата на филмот УШТЕ ЕДНА ТУРА (ANOTHER ROUND) (Данска, Шведска, Холандија) ќе биде прикажан утре, во петок и НАЈЛОШАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ (THE WORST PERSON IN THE WORLD) (Норвешка, Франција, Шведска, Данска) во сабота.
Проекциите започнуваат во 20:30 часот, а по проекциите ќе следат разговори на познатиот филмолог Петра Бранковска од Гледај.мк коja со своите гости – филмски критичари и филмски познавачи, како и со публиката ќе разговараат за импресиите од филмовите.
Влезот на филмските проекции е бесплатен.
Дума.мк