Пред велешката публика промовирано творештвото на Славица Дабевска Кировкса

Објавено на 27 ноември, 2023 во 10:13

Авторката Славица Дабевска Кировска во велешката библиотека „Гоце Делчев“ одржа промоција на своето творештво со што се одбележа 84 годишнината од излегувањето од печат на Рациновите „Бели мугри“. Присутните гости за време на промоцијата се запознаа со содржината на прозните дела „Зелениот капут“ и „Срна“ напишани по вистинита приказна.

-Самата авторка најави и продолжение со што оваа едиција ќе постане трилогија, потенцирајќи дека станува збор за вистинска приказна. Емпатија, сочуство но и љубопитсност за тоа што ќе се случи понатаму во приказната беа чувствата што ги обзедоа срцата на присутните, велат од локалната библиотека „Гоце Делчев“.

За време на настанот извадоци од делата читаа Кристина Шопова и Марија Бошевска а водител беше Јасмина Ѓорѓиева. Насмевки на лицата кај присутните предизвикаа афоризмите од Атанас Крлевски којшто секој петок испраќа по седум нови афоризми за читателите на Дума.мк.

Настанот го збогатија и музичките точки на Љубе Лазов од ОМУ „Стефан Гајдов“ и пејачката група при Здружение на пензионери Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.