Промоција на автобиографија „Пресек“ на Маја Ѓорѓиќ Трајковиќ во планинарски дом Папрадиште
Автобиографскиот роман „Пресек“ на дипломираниот професор по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје својата втора промоција ќе ја има во планинарски дом Папрадиште, на 4-ти ноември, годинава.
Станува збор за роман на авторка којашто од најрана возраст покажува интерес кон францускиот јазик и книжевност и пишува раскази и поезија. Триесет и осум годишната авторка е родена во Скопје каде живее и работи во училишна библиотека. Маја Ѓорѓиќ Трајковиќ освен за светската книжевност досега покажува интерес и за филозофија, религија, педагогија и психологија како науки.
По синоќешната промоција на автобиографскиот роман во Скопје, тој во Папрадиште ќе го има второто претставување пред читателската публика, додека дополнително ќе биде претставен и пред велешките вљубеници на книгите.
За присуство на промоцијата во село Папрадиште, Општина Чашка, заинтересираните потребно е да направат резервација поради ограничениот број на легла во планинарскиот дом Папрадиште.
Стефани Манева