Промоција на „Роман на годината“ во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци
Наградата „Роман на годината“ се доделува по 23 пат и оваа година добитник е романот „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, издание на издавачка куќа „Или – Или“. Оваа наградата претставува најзначајно македонско литературно признание и ја доделува Фонадација „Славко Јаневски“.
„Романот „Денот на црвот“ од ред во ред, од страница во страница постојано изненадува. Ракописот на Јованоска изобилува со свежи компарации никаде досега сретнати, ненаметлива духовитост, понекогаш и со одмерена доза сарказам. Без исклучок: проникливост и интелигентност! Сето ова во комбинација со неспорниот талент и безмалку зачудувачки зрелата раскажувачка вештина, му овозможува на нејзиното дело висок дострел“.
За наградениот роман збор ќе земат промоторката Ноне Ноциќ, Претседателот на Фондацијата “Славко Јаневски“ познатиот новинар Ѕвездан Георгиевски, претставник на Издавачката куќа “Или – Или“ и секако авторката Симона Јованоска.
Ексклузивната промоција на „Роман на годината за 2021“ ќе се одржи во петок, 3 јуни, со почеток од 12:00 часот во галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.
На промоцијата ќе бидат достапни и примероци од романот по симболична цена. За авторската посвета ќе се погрижи самата авторка Симона Јованоска.
Стефани Манева