Промовиран автобиографскиот роман „Пресек“ на Маја Ѓорѓиќ Трајковиќ во Велес (видео и фото)
Борбата со тешката болест, канцерот, во најтешкиот дел или моменот кога е дијагностициран и кога е донесена одлука да биде отстранет дел од нејзиното тело како и пост оперативниот третман ја мотивирале оваа млада жена да го опише во автобиографски роман.
Прозниот текст е силно моќно писмо кое што промоторката професор Соња Карбева пред присутните го нарече уште и женска храброст.
Професорката Карбева се осврна на повеќе моменти од животната битка на авторката и низ неколку извадоци од романот, коишто беа прочитани од страна на две ученички на велешката Гимназија, прикажувајќи го патот што треба да се изоди или патувањето низ кое што минела не само Маја туку и многу други жени со слични животни приказни. Карбева го препорача романот затоа што во него најсилните поенти се храброста и мотивацијата .
Авторката и по осум години подоцна, иако навидум крхка и едноставна жена, полна е со позитивна енергија. Маја умее да ја дели и покрај укажувањето за причините што го предизвикаа „Пресек“.
Маја Ѓориќ Трајковиќ живее и работи во Скопје, како училишен библиотекар. Авторката е дипломиран професор по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност како и магистер по менаџмент во образование на Филолошки факултет во Скопје.
Промоцијата на автобиографскиот роман „Пресек“ ја организираше и настанот се случи вчеравечер во Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес во чии што библиотечен фонд веќе има примероци на овој автобиографски роман, издаден од Издавачка куќа „Дата Песнопој“ од Битола.
Убавка Јаневска