Стрип центар на Македонија – Велес отвори изложба во Тетово, младите тетовци го сакаат стрипот
Објавено: 25 јуни, 2024, во 13:12 часот
Делата кои беа дел од тематскиот стрип на национално ниво беа изложени во просториите на уметничката Галерија Тетово како дел од грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE”. На изложбата биле доделени дипломи и сертификати за учениците, менторите и училиштата од Тетово коишто биле вклучени во грантот.

-масовноста прокламирана на конкурсот(263 пријавени ученици) како и посетата на изложбата
во Тетово е доказ за исправноста на заложбата за соработка со училиштата, како и отварање
на стрип јадра во секој град. Последниве 20 г во Македонија е придвижен процес на
своевидна стрип еволуција ,видливоста на резултатите е се повеќе изразена.Квантитетот раѓа
квалитет , но и потенцијална читачка публика којашто треба да се насочи кон националната
стрип култура а тоа се секако домашните стрип автори и изданија, рече Томе Трајков-координатор на грантот и Стрип центар на Македонија-Велес .

Тој додаде дека поради насочување на јавноста и институциите кон домашниот стрип и можностите којшто истиот го нуди во социјалната сфера, во склоп на грантот „Аll we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE” ќе се организира пригоден стрип настан во Скопје, како државна метропола.


-Истиот ќе се изведе после летниот распуст, нагласува Трајков !
Овој грант е финансиран од страна на ОБСЕ-Мисија Скопје.
Стефани Манева


