Велес, неделава, домаќин на две јубилејни најзначајни стрип манифестации во Македонија
Два значајни јубилеи ќе одбележат велешките и Македонски стрип уметници оваа недела. Домаќин ќе биде Велес каде Македонскиот стрип центар Велес од среда, 23 до недела, 27 август ги реализира двата најзначајни манифестации поточно традиционалниот 20 Меѓународен Стрип Салон „Велес 2023“ и на петата Стрип Колонија.
,, Јубилејот на постоењето на најзначајната стрип манифестација во Македонија создаде обврска истиот да се одбележи најрепрезентативно што може и во тоа се успеа. Како традиционален дел од стрип салонот ќе потсетам на мегународниот стрип конкурс, на којшто оваа година најдобар беше стрипот “PIG OUT” на стрип мајсторите: Милорад Вицановиќ – Маза, Аљоша Томиќ и Марко Стојановиќ. Во склоп на јубилејот, во петок, на 25 август, ќе биде организирана посебна тематска изложба под наслов „20 години Меѓународен стрип Салон“,со плакати од сите досега организирани стрип салони. Година посебно ја обележува и финансиската поддршка од страна на Интернационалниот Вишеградски фонд и на „Western Balkan Fund“ ,покрај традиционалната поддршка од страна на Министерството за култура на Македонија и на Општина Велес, соопшти Томе Трајков програмски координатор на СЦМ.
Трајков додаде дека со обезбедениот грант од Вишеградскиот фонд овозможен е престој и промоција, преку специјален каталог, изложба и панел дискусии, на 12 стрип автори од земјите од Вишеградската група. Тоа се претставници на стрип уметноста од Полска, од Словачка, од Чешка и од Унгарија. Со нив и со стрип уметници од земјите на Западен Балкан, присутни на колонијата, ќе биде потпишан Меморандум за соработка.
Финансиската поддршка на „Western Balkan Fund“,исто така, овозможи престој на 16 стрип автори од Бар во Црна Гора, Рашка во Србија, Феризај во Косово и останатите од нашата држава. Тие добија можност за размена на искуства преку комуникација и официјална промоција преку изложба и каталог во ПДФ и во печатена верзија како и можност за вмрежување и понатамошни соработки.
Убавка Јаневска