Велешките анабелки освоија десет медали на меѓународен натпревар во Ниш (фото и видео)
Вкупно 40 балерини, членки на балетско студио „Анабела“ се носителки на вкупно десет медали на меѓународниот натпревар „Balkan Dance Unit“ што овој викенд се одржа во соседна Србија. Културните амбасадорки на Велес ги собраа не само овациите на публиката, бидејќи настанот беше одржан пред публика, туку на изведувањето на нивната кореографија „This is me“, на нозе ја подигнаа и танцовата судијка.
-После две години пауза бевме во Ниш. Се докажавме дека и покрај коронавирусот ние вредно работевме и се вративме со осум први, едно второ и едно трето место. Конкуренцијата беше голема, натпреварот траеше од осум часот наутро до 22:30 часот, бидејќи имаше повеќе од 1500 учесници. На групата на јуниорите, девојките играа две кореографии, на првата кореографија една од судиите стана да им ракоплеска, што не е секојдневно, рече Цеца Пајдакова кореографка во студио „Анабела“.
Претходно, балетското студио „Анабела“ учествуваше на натпревар во Струмица од кадешто се вратија со седум први места и влез во Гала вечер, од вкупно 160 кореографии во првите 13 со солото на Дора.
Сега анабелки се подготвуваат и за учество на меѓународен натпревар којшто ќе се одржи за две недели од сега во Штип.
Стефани Манева
фото: