(видео) Дваесетиот ИФАД „Стоби“ свечено отворен, вечерва во велешки театар две театарски претстави

На големата сцена „Петре Прличко“, на велешкиот Театрат „Ј.Х.К Џинот“, вчеравечер, свечено се отвори 20 издание на ИФАД „Стоби“ 2023. Пред присутните гости и љубители на татарската уметност, поточно античката драма, фестивалот за отворен го прогласи Сашо Димоски, директор на велешки Театар „Ј.Х.К Џинот“. Тој пред присутните рече:
Јубилејното издание на фестивалот имаше чест да го отвори Драмски театар „Иван Радоев“ од Пловдив, Бугарија, со претставата „Антигона“, текст на Жан Ануј и фрагменти од Софокле , Рој Хан и Александар Морфов и во режија на Александар Морфов.
Вечерва, со почеток во 20:00 часот на малата сцена „Борис Бегинов“ во велешкиот Театар, ќе биде одиграна претсавата „Fairfly“, од Галата Пеформ од Истанбул, Република Турција, автор е Џоан Јаго, според грчките митови за преобразбите во режија на Марк Лавитас.
Потоа, со почеток во 21:30 на големата сцена „Петре Прличко“ ќе биде одиграна „Одење и други кореографски решенија“, авторски проект на Филип Петровски, копродукција со Национална опера и балет на Република Македонија.
Стефани Манева
