(Видео и фото) Диригентка Маџарова: Чест беше да ги претставиме Велес и Македонија но и да добиеме прва награда на врвен хорски натпревар по духовна музика во Полска
На 43-тиот Меѓународен натпревар по духовна музика кој се одржа во Хајновка Полска, велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ под диригентска палка на Веселинка Маџарова го освои првото место. Репертоарот на хорот бил составен од осум композиции од духовна музика во времетраење од 25 до 30 минути. Три од композициите биле избрани од македонски врвни композитори со цел македонската хорска култура да се промовира и надвор од рамките на нашата татковина. Во видео изјава за Дума.мк, Маџарова открива дека хорот одржал и самостоен концерт во црквата СВ. Димитрија каде биле наградени со долг аплауз и поклони.
На гала концертот кој е всушност концерт на победниците како гости биле присутни Премиерот на Полска, Министерот за култура но и грчката Амбасадорка.
Децата од хорот уживале и во заеднички дружби со останатите учесници, каде пееле песни од сите држави.
Настапот на велешкиот хор „Св. Кирил и Методиј“ може да го погледнете на следниот линк, 03 часот и 26 минути, уживајте!
Стефани Манева
фото: