(Видео) Велешанецот Мики Секуловски втор, со освоени 102.103 гласови, во 17-то музичкото шоу „Звезде Гранда“
Вокалниот интерпретатор Мики Секуловски кој што во изминатите 10 месеци со извонредни изведби ги бранеше боите на родниот Велес и на Македонија во регионалниот музички натпревар „Звезде Гранда“ освои 102.103 гласови, во синоќешното финале на натпреварот за 2024 година.
Секуловски, вчера вечер, со освоени гласови на гледачите на финалето, влезе во сите три круга на гласање одлично интерпретирајќи ги песните „Македонија“ , дел од преработката на група „Меморија“ и дел од оригиналната изведба на легендарниот Дадо Топиќ, со „Још не свиче рујна зора“ на војвоѓанскиот автор Василије Васа Живкович и „Да те богдо не волим“ на Бело Дугме.
Вокалните интерпретации на Секуловски, избрани од неколку музички жанрови и особено неговиот распон на глас, го сврстија меѓу фаворитите на овогодишниот натпревар. Освен неговата менторка, српската фолк пејачка Цеца Ражњатовиќ, за Секуловски, пофални зборови во сите настапи имаше и комплетното жири на шоуто.
Скромно и тивко момче позади сцена беше „Ајкула“, „Годзила“ и „Мики Велики“ на сцената на „Звезде Гранда“. По синоќешното финале Мики Секуловски во Велес се враќа како второпласиран или со нешто помалку од 30 илјади гласови зад победничката Шејла Зониќ од Босна и Херцеговина.
Според продукцијата овој 17 натпревар на „Звезде Гранда“ досега ја имаше најсилната конкуренција на натпреварувачи од Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Меѓу нив беа и извонредните Македонки, Андријана Петрушевска и Мелиса Зијадич.
Редакцијата на Дума.мк го очекува враќањето на Мики Секуловски во Велес и реализацијата на договореното интервју.
Убавка Јаневска