Во Јуроп Хаус, вечерва, се отвора 21 Меѓународен Стрип салон „Велес 2024“ – 6 та Стрип колонија“
Со промоција на севкупниот стрип фестивал, прогласување на најдобрите стрип автори на Меѓународниот стрип конкурс, доделување на наградите и отворање на изложба со избрани дела вечерва ќе биде отворен 21 Меѓународен Стрип салон „Велес 2024“ – 6 та Стрип колонија“. Свеченото отворање на најзначајната стрип манифестација во Македонија ќе се одржи во Јуроп Хаус, со почеток во 20:00 часот. Организатор е Стрип центар Македонија – Велес.
Учесниците на традиционалната Стрип колонија којашто, годинава, започна да се одржува во Спомен куќа на Касапови, во Велес, ќе се одржува до недела, 25 август со учесво на автори од домашната и странските стрип сцени. Авторите ќе работат на авторски стрипови и ќе разменуваат искуства. Ќе се одржуваат и промоции на учесниците на колонијата и други содржини.
Одржувањето на меѓународната културна манифестација финансиски помогната е од Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Велес.
Убавка Јаневска