Во велешката библиотека одржан Општински натпревар „Млади библиотекари 2022“
Ученици од основните училишта од Велес, Градско, Чашка и Оризари, денеска, биле дел од општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2022“ којшто се одржал во просториите на Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.
-Пријавените ученици од ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ “Блаже Конески“ од Велес, потоа ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка, ООУ „Даме Груев“ од Градско како и ООУ „Рајко Жинзифов“ село Оризари, беа подготвувани од своите ментори и се натпреварувале во знаење од областа библиотекарството, соопштија од велешката библиотека.
Првото место на овој натпревар го освоила Ангела Арсовска, ученичка во деветто оделение во ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка со ментор Мирјана Кичукова. Второто место му припаднало на Орданче Јаневски ученик во деветто одделение во ООУ „Панко Брашнаров“ од Велес со менторот Маргарета Роман Тодорова. Третото место го освоила Стефанија Тодоровска, ученичка во деветто одделние во ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка, со менторот Мирјана Кичукова.
Победничката Ангела, исто така, се здобила со право да учествува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари 2022“ којшто ќе се оддржи на 20 мај, годинава, во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Наградените ученици се здобиле со диплома и книги, додека на сите учесници им биле доделение пофалници за успешно учество на натпреварот.
Стефани Манева