Во Велешки Театар, вечерва, претставата „Добри луѓе“
На малата сцена во Велешки Театар, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра претставата „Добри луѓе“ во режија на Тамара Стојаноска а во продукција на независниот театар „Златен Елец“. Претставата е дуодрама работена според текст на Данкан Мекмилан, авторски материјали и инспирација од The Relation Work Project (1976-80) на Марина Абрамовиќ и Улај.
-„Добри луѓе“ ги испитува емоционалните последици од справувањето со огромната климатска
криза и тешките одлуки што секојдневно мораме да ги донесеме како поединци и како општество.
Се поставува и прашањето дали сме добри луѓе и дали воопшто можеме да бидеме добри луѓе во
ваков анксиозен и пластичен свет исполнет со глобална вознемиреност, лоши навики, тероризам,
непостојани временски услови и политички немири, велат од Театар „Златен Елец“.
Претставата ја играат младите велешки актери Тијана Трајчевска и Филип Христовски, музиката е на Ива Дамјановски и Виктор Танасковски, фотографиите се на Данчо Стефков, а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски.
Стефани Манева