„За да не им биде тешко во бракот, многумина луѓе се определуваат за лесни жени“- шест нови афоризми на Коки

Објавено на 24 април, 2023 во 10:27

Љубовта, политичарите, жените и спортот повторно се инспирација на велешкиот афористичар Никола Бошков Коки. Тој за читателите на Дума.мк и овој понеделник одвои шест нови афоризми, ваше е да ги прочитате, да се насмеете и да ширите позитивна енергија!

-Љубовта може да направи чуда, а љубомората чудовишта.

-Луѓе, ајде сите во политиката, нигде во светот не ќе успеете да заработите 2000 евра…без работа.

-На мојот пријател видот и понатаму му причинува голема потешкотија, секогаш кога ќе ја погледне сопругата, ја гледа комшивката.

-За да не им биде тешко во бракот, многумина луѓе се определуваат за лесни жени.

-Во некои фирми, освен струјата, краток спој можат да предизвикаат: неизолирана секретарка и директор со висок напон.

-Нашата млада одбојкарка претпочиташе ЕКОНОМИЈА, но заврши ПРАВО…во креветот на тренерот.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.