Гајдов го праша Љутков: Како, во ситуација кога плаќате даноци во Скопје, мислите дека велешани ќе Ви веруваат дека ваш интерес ќе биде развојот на Велес?(ВИДЕО)

Објавено на 10 октомври, 2021 во 17:42

Четири прашања и исто толку подпрашања му постави денска актуелниот Претседателот на Советот на Велес и кандидат за втор мандат од Коалицијата предводена од СДСМ, Кирил Гајдов, на носителот на Советничката листа на ДПМНЕ, Зоран Љутков. Велејќи дека велешката јавност очекува брз одговор,Гајдов јавно го праша Љутков,  дали било точно дека од 2008 година има живеалиште во Скопје, каде тој и неговата сопруга работеле, дали  било точно дека од 2008 година и личната карта ви му била „скопска”, за на 03 септември, годинава,  да ја промени во „велешка”, само за да можел  да бидете носител на Советничката листа на ДПМНЕ како и дали било точно дека деца му биле запишани во училишта во Скопје и дека личниот автомобил  го возел со „скопски” регистарски таблички?

-Доколку сѐ ова е точно, тогаш редно е да ја напуштите улогата на ГЛУМЕЦ, и да им објасните на велешани:

  1. Како, во ситуација кога плаќате даноци во Скопје, мислите дека тие ќе ви веруваат дека ваш интерес ќе биде развојот на Велес?
  2. Дека, ваш интерес ќе биде развојот на велешката економија, во ситуација кога вие и вашата сопруга работите во Скопје?
  3. Дека, ваш интерес ќе биде развојот на училиштата и градинките во кои учат велешките деца, кога вашите деца учат во Скопје?
  4. Дека, вие ќе се залагате за асфалтирање на велешките улици, кога и вашата кола ја регистрирате во Скопје?, гласат потпрашањата на Гајдов за Љутков.

Исто така Гајдов констатира дека ова бил само доказ дека како на носителот на Советничката листа така и на кандидатот за Градоначалник на Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ  не им бил важен развојот на Велес и подобрувањето на животот на сите велешани туку дека преставувало продолжување на  потценувањето на интелегенцијата и меморијата на граѓаните на Велес. 

-Ова е потврда, дека вие сте истите ГЛУМЦИ, заинтересирани само за остварување на личниот интерес. Нешто, за што сте спремни безобразно да лажете и манипулирате, служејќи сѐ со истите пропагандни техники, промовирани од вашиот ментор Груевски. Но, велешани сѐ мудри луѓе. Секогаш знаеле да застанат на вистинската страна. Велешани и сега ги препознаваат вашите манипулации. И затоа ќе ве казнат повторно на 17ти октомври. Велешани нема да дозволат враќање на режимот. Во Велес, листатата на СДСМ, предводена од Марјанчо Николов, ќе има мнозинство во Советот.  Во Велес, ќе победи најдобрата опција, предводена од кандидатот за Градоначалник Др. Ненад Коциќ, додава Гајдов.

Според него победата се должела на тимот од чесни и докажани професионалци, кои можеле да го напуштат Велес, но не го сториле тоа, туку останале со своето семејство да живеат, работат и плаќаат даноци во родниот град, се бореле за подобар живот, тука, во нашиот Велес и заедно со сите граѓани ќе успееле да го направат Велес уште подобро место за живеење.

Дума.мк, пред три часа, побара став од прозваниот Зоран Љутков носител на листа за советници на ВМРО ДПМНЕ за Совет на Општина Велес. Тој најави кривична пријава за Кирил Гајдов и демант.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.