Втор круг на Локални избори 2021: Излезност во општини Чашка, Лозово,Росоман и Демир Капија

Објавено на 31 октомври, 2021 во 16:39

Според информациите од ДИК, до 15 часот, во општина Чашка правото на глас го искористиле 44,79 % или 2.761 од вкупно запишаните 6.171 граѓани во Единствениот избирачки список. Тие гласаат на 31 избирачки места на територијата на општината.

Во Општина Лозово каде на Локални избори 2021 право на глас имаат 1.984 граѓани до 15 часот од нив излегле и гласале 51,01% или 1.011 граѓани на девет избирачки места.

Во Росоман до 15 часот гласале 48,13% или 1.608 од вкупно 3.343 граѓани со право на глас на 10 избирачки места. Вчера правото на глас го искористија 68 граѓани од вкупно пријавените 70 болни и немоќни и 10 лица позитивни на ковид 19.

Во Демир Капија до 15 часот излезноста изнесува 58,18% или 1.888 од вкупниот број 3250 граѓани со право на глас .

Излезноста на гласачите  на ниво на држава во  вториот круг од Локалните избори 2021, до 15 часот, изнесува 33,52 отсто. Правото на гласање го искористиле 441.100 гласачи од вкупно запишани 1.335.556 во Единствениот избирачки список.  

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.