Иванов пред граѓаните во Чашка: Заслужувате достоинствен и квалитетен живот

Објавено на 26 март, 2014 во 22:28

„По примерот на борците за слободна и независна Македонија ,Димитрија Чуповски и Петар Поп Арсов кои се родум од Азот, Чашка, срцето на Македонија,  нашата генерација на Македонци се бори за успешна и развиена Македонија, рече вечерва на митингот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија кандидатот за претседател, Ѓорге Иванов.

Тој, исто како и пред пет години, ја побара довербата од граѓаните на општина Чашка потенцирајки ги своите три животни доблести искреност, чесност и трудољубивост. Иванов ги истакна досегашните лични, постигнувања на премиерот, министрите и Владата за економскиот просперитет и развој на Македонија.

– Целиот свој мандат го посветив за отворање на нови перспективи за Македонија, отворање на нови можности за македонската економија, за образованието, за спортот и секогаш бев помеѓу народот. Сорабоптував со премиерот, со министрите и со Владата, работевме како тим и покажавме како се чувствува просперитет насекаде во државата.  Постигнавме визна либерализација за државата, ја внесовме Македонија во јужниот тек обезбедувајки енергетска сигурност. Многу странски инвестиции дојдоа во Македонија, насекаде се градат фабрики во Македонија, се отварат нови пазари за македонските производи и тоа во најтешките времиња кога кризата од 2008 година ги погоди сите поголеми економии а Македонија остана успешна, рече Иванов.

Ако го добие мандатот по втор пат Иванов им вети на граѓаните на Чашка исплата на субвенции во земјоделството, сточарството и за житните култури како досега кога државата исплатила половина милијарда евра или само во овој регион една милијарда и дваесет и седум милиони денари. Тој им вети на граѓаните дека преку обновување на железничка станица општината ќе ја поврзе со Коридорот 10, ке се изградат повеќе локални патишта а општината ќе се претвори во место за производство на здрава еколошка храна.

„Ги поддржувам ваквите иницијативи. Вашите земјоделски производи треба побрзо да стигнат до сите пазари, затоа се инвестира во локални патишта, во железничка станица. Чашка има одлични потенцијали за развој на планинскиот туризам, уредени се околу 40 патеки на Даутица и Јакупица. Заслужувате достоинствен и квалитетен живот, рече Иванов.

Тој меѓу другото ја издвои и изградбата на филтерната станица во Чашка со која ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето за граѓаните во општината./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.