Пано Минов носител на пратеничката листа во “четворка“ на ГРОМ
Панчо Минов, поранешниот градоначалник на Кавадарци во два мандати и пратеник во парламентот исто така во два мандати е носител на пратеничката листа на ГРОМ за четвртата изборна единица.
Тој денеска на прес конференција искажа благодарност за довербата што ја добил од раководството на партијата и рече дека е посебно горд што кавадарчанец ќе ја предводи пратеничката листа на неговата партија за четвртата изборна единица.
“Добив една голема доверба од мојата партија. Но со ова одлука доверба доби и општинската организација на ГРОМ од Кавадарци која по бројност на членство е после бастионот Карпош. Ова е голема чест за мене како кавадарчанец, затоа што во големите и средни партии, а ние сме средна партија, досега кавадарчанец никогаш не бил носител на пратеничка листа“ рече Минов и нагласи дека доколку влезе во парламентот достојно ќе ги застапува барањата на граѓаните.
