Реакција на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ
На прес конференцијата на СДСМ реагираа од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Во нивната реакција се вели дека половина од проектите што денеска ги најави опозицијата власта ги реализира или се најавени за реализација.
„ Младите луѓе до 29 години од оваа 2014 година веќе се ослободуваат од плаќање на социјални придонеси. Неколку години по ред преку Оперативните планови се врши сувенционирање при вработување на млади лица. Во новата изборна програма исто така е предвиден и бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите и младите луѓе. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во континиуитет ги стипендира најдобрите студенти и ученици а во иднина значително ќе се прошираат и категориите на лица кои ќе добиваат стипендии од државата. Ова се проектите за кои СДСМ призна дека се квалитетни решенија кои се во интерес на младите и истите ги копираше во нивната изборна програма. Сите останати мерки кои денес беа набројани се само декларативни заложби без финансиска конструкција, без начин на реализација и рокови на исполнување, пишува во реакцијата на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.