ДЕБАТА: Кинеското влијание во земјава расте, а граѓаните сонуваат за Кина како економски џин

Објавено на 10 јануари, 2023 во 15:59

Директни инвестиции во економијата, инфраструктурата, телекомуникациите, медиумите, академска соработка со универзитетите и функционирање на институтите Конфуциј се стратешките инструменти на кинеското влијание не само во Северна Македонија, туку и во другите земји. За кинеската „мека моќ“ во земјава не се известува доволно во македонските медиуми, додека кај граѓаните се создава апстрактна, идеализирана перцепција за Кина. Ова беа заклучните согледувања на денешната панел-дискусија „Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер и Здружението ЕСТИМА.

Ана Крстиновска од ЕСТИМА на настанот го презентираше спроведеното истражување „Разбирање на алатките, наративите и влијанието на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија“, потенцирајќи дека според Глобалниот индекс на мека моќ, Кина во 2022 година во светот се искачила на 4 место во генералниот пласман по САД, Велика Британија и Германија.

Годинешното истражување за присуството и прикажувањето на Кина во медиумите покажало дека кинеското влијание во земјава е доста силно, а Македонија може да се рангира на 3 место ако се прави споредба меѓу 17 земји од Централна и Источна Европа.

„Ваквиот исход изискува подлабок увид во меката моќ на Кина како една од главните алатки со кои таа располага за обликување на перцепциите, како и во специфичните стратегии кои се користат за таргетирање на различни групи, особено оние кои имаат влијание врз политичките процеси и јавното мислење“, ќе наведе Крстиновска во ова истражување.

За разлика од други земји во регионот, во Македонија не постојат конкретни докази за директно кинеско влијание во форма на финансирање или преку сопственичката структура на медиумите. Исто така, социјалните мрежи што се користат во Кина (Weibo, WeChat) се практично непознати за македонските граѓани, се наведува во истражувањето на Крстиновска. Сепак, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на дебатата денеска предупреди за актуелниот подем на ТикТок, особено меѓу младите во земјава.

„Меката моќ“ на Кина се шири на најразлични начини

Истражувањето на ЕСТИМА е спроведено преку реализација на полуструктурирани интервјуа со однапред избрани поединци, фокус групи и анкетен прашалник за да се идентификуваат клучните пораки кои Кина ги сака да ги наметне и кои имаат одзив кај македонската јавност.

Во една од димензиите на присуство на „меката моќ“ на Кина, категоријата „управување со вести“ е присутна преку македонските медиуми, во кои колумни и статии пишува кинескиот амбасадор, а коишто се забележани во дел од печатените и онлајн медиумите во земјава.

Крстиновска вели дека кај втората димензија на „меката моќ“, а тоа е категоријата „испраќање стратешки пораки“, Кина дејствува преку културната понуда во рамки на соработката на збратимените градови или преку активностите на Институтот Конфуциј, преку превод и објавување на книги, телевизиски емисии како „Ни хао“ што се емитува на Телма и активности на кинеските компании (Хуавеи).

Ана Крстиновска на панел дискусијата спомена дека изминативе години драстично расте бројот на преведени книги од кинески на македонски јазик. Од 1978 година до денес се објавени вкупно 90 кинески наслови во земјава, но дури 50 од нив се од почетокот на 2018 година до денес. Притоа, дури половина од преведените книги се всушност книги за деца.

Во третата димензија на присуството на „мека моќ“, во категоријата „градење односи“, влегуваат не само активностите на Институтот Конфуциј, туку и понудата на кинески стипендии, обуките преку програмата за развој на човечки ресурси, истражувачките проекти имплементирани заеднички меѓу Кина и земјава, меморандумите за разбирање и договорите за соработка и организацијата на разни настани – конференции, саеми и слично.

„Во последниве години Кина стана поактивна во реализацијата на заеднички истражувачки проекти, до тој степен што денес Северна Македонија има повеќе вакви билатерални проекти со Кина отколку со која било друга земја во светот (вкупно 40 во последните 5 години“, се наведува во истражувањето на Крстиновска.

Во однос на одзивот на македонската јавност кон алатките и тактиките коишто ги користи кинеската „мека моќ“, биле анкетирани 163 испитаници, при што 135 преку електронски прашалник, 20 преку фокус групи и 8 преку полуструктурирани интервјуа.

Првата асоцијација на македонските граѓани за Кина е бизнисот, трговијата, инвестициите и другите економски теми и во оваа област Кина главно ужива позитивна репутација. Во делот на управувањето, иако има многу негативно светло за фактот дека Кина е недемократска, еднопартиска и авторитарна држава, сепак граѓаните сметаат дека таа е добро управувана земја, со функционални и ефикасни процеси на управување. Во однос на медиумите и комуникациите, кај граѓаните постои широко распространето разбирање дека кинеските медиуми се под строга државна контрола.

Од анкетирањето на граѓаните е утврдено дека најпозитивна перцепција за Кина има во областа на културата и наследството. Прилично позитивна перцепција кај анкетираните лица има и за образованието и науката, додека македонските граѓани го сметаат кинеското општество за традиционално и конзервативно. Во меѓународните односи, истражувањето покажа дека репутацијата на Кина е неутрална, при што таа кај граѓаните не се смета како земја која премногу им помага на другите земји, ниту пак вложува многу напори за заштита на животната средина.

Истражувањето донесува заклучок дека и покрај консензусот дека соработката со Кина досега беше недоволно искористена можност и не донесе конкретни економски придобивки, македонските граѓани и понатаму имаат надеж и очекување дека Кина може да ѝ помогне на земјата да ги надмине економските тешкотии.

„Самиот фокус на позитивните аспекти од соработката со Кина без да се дискутира за кинескиот удел или влијание, во некои спорни проекти како што беше, на пример, проектот за автопатиштата итн., асоцираат дека кинескиот модел е всушност она што е во основата на кинескиот успех и дека ние сметаме оти негово реплицирање кај нас би можело да води до слични резултати, што е навистина погрешна перцепција и би можело да влијае во нашите сфаќања во поглед на демократијата и вредностите за коишто се залагаме“, предупреди Ана Крстиновска.

Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер изјави дека истражувањето на кинеската „мека моќ“ не претставува желба за конфронтација со Кина, туку дискутирање на темата. Тој додаде дека Кина денес е способна да овозможи инфраструктурни проекти, присутна е во образованието преку промоција на катедри преку кои ја обезбедува „меката моќ“.

Даниел Браунд од Фондацијата Конрад Аденауер; Фото: Мета.мк

„Кина има план да влијае на светот на нивен начин и ние треба да бидеме свесни за тоа“, рече Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој воедно е претседател на Парламентарната Комисија за надворешна политика, смета дека треба да се обрне сеопфатно внимание за кинеското влијание кај нас, од користењето на кинеската апликација ТикТок, преку работењето на Институтот Конфуциј до економските врски што се развиваа со оваа азиска земја.

„Кина се спрема за поголем конфликт“, потенцираше два пати Антонио Милошоски на денешната дебата, додавајќи дека Кина смета оти е дојдено време за ремоделирање на меѓународниот поредок на начин кој на неа ѝ одговара.

„Сметам дека во најмала рака треба да се биде претпазлив, а тие коишто имаат поголема надлежност и механизми во однос на областите за разузнавање, прибирање на податоци и национална безбедност, би требало исто така да внимаваат и да ги следат активностите на НР Кина. Беше споменато дека Македонија не е земја можеби од стратешки интерес кон која што Кина би имала таков пристап, но сепак сметам дека кинескиот потенцијал е прилично голем, и економски, и дипломатски, и културно, и финансиски“, изјави Антонио Милошоски.

Кинескиот институт Конфуциј во Бугарија има и „руска врска“

Кристофер Неринг на денешната панел дискусија имаше интересна презентација за тоа како институтите Конфуциј претставуваат алатка и стратешки инструмент на кинеската јавна дипломатија. Како новинар и член на програмата за медиуми на Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер, Неринг потенцираше дека иако на прв поглед овој институт изгледа за безопасен, сепак во Германија тој е мониториран од безбедносните служби.

Главната цел на Институтот Конфуциј е да шири беспрекорна слика за Кина, а во Бугарија има два вакви институти на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија и на Великотрновскиот универзитет. Кристофер Неринг особено се задржа на пропагандистичките публикации коишто се достапни во овие институти, но и на руската врска што ја поседува персоналот што работи за нив во Бугарија.

Па така, во делот на достапните публикации, Неринг рече дека Кина се промовира како модел наспроти либералните демократии, додека кинеската политика кон ковид-19 се промовира како успешен одговор на корона вирусот и економската стагнација. Опишувањето на масакрот извршен на плоштадот Тјенанмен во 1989 година во Пекинг, во достапните кинески публикации во Бугарија се промовира како „конфликт којшто бил круцијален за стабилизирање на кинеското општество“.

Кристофер Неринг во своето обраќање пред присутните спомена и дека достапните публикации во Институтот Конфуциј во Бугарија се прокинески, проруски, анти-САД, анти-капиталистички и ја воспеваат Кинеската комунистичка партија, Мао и Денг Сиаопинг.

Исто така, тој забележал дека меѓу персоналот којшто работи во двата института Конфуциј во Бугарија има лица коишто биле едуцирани во Москва во текот на 1970-тите и 1980-тите години, а дел од вработените биле и поврзани со бугарската тајна служба во 1980-тите години за време на комунистичкиот режим. Неринг додава дека оваа не е случај само со Бугарија.

Во неговото обраќање, беше посочено дека бугарските универзитети и Кина имаат склучено над 200 договори за соработка, а она што е вистинска непознаница, е како Кина ќе ја искористи во иднина ваквата работа на двата института и создадените врски и контакти.

Овој напис е изработен во рамките проектот Промовирање на пристап до веродостојни вести за борба против дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด