Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји

Објавено на 29 октомври, 2021 во 14:37

Повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата, поточно 411.171 лица се вакцинирни со кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ и со руската „Спутник В“. Сега, овие граѓани – вакцинирани со некоја од споменатите три вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се соочуваат со ограничувања при патување во странство. Вакциниранираните со „Синовак“ ,„Синофарм“ и „Спутник В“,  дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќето европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините признаени од ЕМА – „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“, па за целосно имунизирани ги сметаат само оние со примени две дози од овие вакцини

Пишува: Мирослава Бурнс

Македонските здравствени власти неодамна објавија дека секој граѓанин, без разлика на возраста, може да се пријави да прими трета доза од вакцината против ковид, доколку од аплицирањето со втората доза поминале шест месеци. Исклучок се само вакцините од кинеските производители, „Синовак“ и „Синофарм“. За оние кои се вакцинирале со кинеските вакцини, третата доза се препорачува три месеци по втората, бидејќи научните истражувања покажале дека антителата од кинеските вакцини опаѓаат побрзо. За сите граѓани третата вакцина е од производитлот „Фајзер“ – мРНК вакцина, за која се покажало дека ќе создаде најдобар имун одговор кога ќе се искомбинира.

Сепак, недоумици се појавија меѓу граѓаните кои ја примиле вакцината „Спутник В“. Тие се прашуваат дали смеат да примат бустер од „Фајзер“? Ваквите дилеми се засилија откако српската министерката за труд и членка на кризниот штаб, Дарја Кисиќ Тепавчевиќ за телевизија „Н1“  изјави дека за вакцинираните со „Спутник“, третата доза  треба да биде од рускиот производител.

Третата доза е потребна за да се стимулира и да се зајакне имунолошкиот систем. Само Спутник е исклучок. Ако сте примиле вакцина од рускиот производител која има две компоненти, прва и втора, и ако се одлучите да примите трета доза од истиот производител, тоа треба да е првата компонента, прецизираше таа.

Руски вакцини, пак, во Северна Македонија нема и ниеден граѓанин нема можност да се вакцинира по третпат со „Спутник В“. Од Министерството за здравство за „Вистиномер“ велат дека и за овие граѓани важи истата препорака на Националниот комитет за имунизација.Лицата кои се вакцинирани со вакцината „Спутник“ ќе може како трета доза да примат вакцина од производителот „Фајзер“, ни рекоа оттаму.

Податоците од Министерството за здрваство покажуваат дека досега – заклучно со 27 октомври,  вакцинирани се вкупно 803.408 граѓани, ревакцинирани се 773.537, а трета доза примиле 24.021 граѓани.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

НАЈМНОГУ ИМУНИЗИРАНИ СО КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ

Вакцинацијата против ковид-19 во Република Северна Македонија започна на 17 февруари оваа година.
Според прегледот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно со 24.10.2021 година вакцинирани се 808.148 лица со барем една доза на вакцина против ковид -19 во државата и странство, што е 39,1 отсто  од вкупното население. Комплетно вакцинирани (со две дози) се 771.749 лица, односно 37,3 отсто од населението, а со трета доза се вакцинирани 10.444 лица

До 24 октомври се аплицирани над еден милион и 590 илјади вакцини, од кои најмногу луѓе се вакцинирани со кинеските вакцини. Аплицирани се над 486 илјади дози „Синовак“ и 300 илјади дози „Синофарм“. Потоа следува вакцината „Фајзер“ од која се дадени над 626 илјади дози, па вакцината „АстраЗенека“ со повеќе од 130 илјади дози од и над 45.000 дози од „Спутник В“.

Според ИЈЗ, целосно вакцинирани  со „Фајзер“ се 297.432  лица,  „Синовак“ – 238.514 ,  „Синофарм“ – 150.009, „АстраЗенека“ – 63.146 и со „Спутник В“-  22.648 граѓани. Од ова произлегува дека со кинеските вакцини и со руската „Спутник В“,  се вакинирале 411.171 граѓани, што е повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата.

РУСКИ И КИНЕСКИ ВАКЦИНИ – ОГРАНИЧУВАЊА ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО

Вакцинираните со овие три вакцини, „Синофарм“ , „Синовак“ и „Спутник В“ – кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), над 400.000 граѓани, се соочуваат со ограничувња при патување во странство. Па пред секое патување мора внимателно да ги проверат правилата и рестрикциите во земјата во којашто одат и да видат дали нивниот вакцинален сертификат ќе биде уважен. „Вистиномер“ направи преглед на вакциналните правила за влез во најчестите европски дестинации. Кои услови се потребни за влез,  дали сите вакцини коишто се аплицираат кај нас се признаени и дали треба да се оди во карантин? Од Министерството за здравство кратко одговорија дека секоја земја самата одлучува за своите барања при патувањето. И на страницата на ЕУ пишува дека пред патување треба да видите дали земјата во која одите ја прифаќа вакцината којашто сте ја примиле.Кога станува збор за рестрикциите во движењето, земјите членки само мора да ги прифатат вакциналните сертификати за вакцини кои добиле авторизација во ЕУ. Земјите членки може да одлучат и да ги тргнат рестрикциите и да прифатат сертификат од друга примена вакцина, на пример оние вакцини во листата на СЗО, но немаат таква обврска. Ако сте вакцинирани со вакцина неавторизирана во ЕУ, ве советуваме да проверите кои вакцини се прифатени во земјата членка каде патувате пред вашето патување, е наведено на веб-страницата.Повеќето земји, сепак, се водат по принципот на зелена, портокалова и црвена зона, така што пред патувањето треба да проверите како Северна Македонија е класифицирана во земјата каде што одите – како земја од висок, среден или низок ризик, бидејќи ова варира во зависност од епидемиолошката состојба.На следниот линк може да се провери дали некоја европска држава прифаќа вакцинален сертификат од „Спутник“, „Синовак“ или „Синофарм“. Проверката, на пример, за Белгија, Германија, Италија, Франција, Малта, покажува дека таму не се признаваат вакцините „Спутник В“, „Синофарм“ и „Синовак“. Вакциниранираните со овие вакцини дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќе европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините признаени од ЕМА -„ Фајзер“, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“, па за целосно имунизирани ги сметаат само оние со примени две дози од овие вакцини

БелгијаМинистерството за надворешни работи на Република Северна Македонија на својата веб-страница  известува дека белгиската влада ќе воведе карантин за патниците кои во Белгија ќе влегуваат од црвените зони, меѓу кои е и Република Северна Македонија, ако тие не можат да исполнат неколку критериуми.Од 17 септември, луѓето кои не биле (целосно) вакцинирани или немаат сертификат за прележана болест, по доаѓањето во Белгија од црвената зона,  мора да поминат десетдневен карантински период. Карантинот може да се скрати ако резултатот од тестот на седмиот ден е негативен. Ова барање претставува  обврска за невакцинирани лица без сертификат кои треба  да се тестираат во  1 и 7 ден по пристигнување од црвената зона во земјата на ЕУ/Шенген зоната или од црвената зона на белата листа на не – Европските земји, пишува, меѓу другото, на веб-страницата на МНР

Белгија е на врвот во Европа по бројот на вакцинирани граѓани. Таму 8.5 милиони луѓе ја примиле првата доза, а 84 проценти од возрасните се целосно вакцинирани.

Вакциналниот сертификат, според белгиските власти докажува дека сте целосно вакцинирани против ковид ако сте ја примиле втората доза барем пред две недели и вакцината е сертифицирана од Европската агенција за лекови. Во Белгија се признаени  вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Џансен“ и „Ковидшилд“.  А оние кои не се целосно вакцинирани (две дози во соодветен временски интервал од признаените вакцини) или немаат сертификат за прележана болест не постар од 180 дена (6 месеци), по пристигнувањето во Белгија од „црвената зона“, мора да поминат 10-дневен период на карантин, којшто може да се скрати ако резултатот од дополнителниот тестот на седмиот ден е негативен.

Германија

Од  22.08.2021 година Германија ја клафицираше  нашата земја како подрачје со висок ризик на инфекција со ковид-19, па за влез во Германија од Северна Македонија повторно е предвиден 10 дневен карантин. Со поднесување доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез, карантинот завршува предвреме, во моментот на поднесување. Исто така, може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест), но најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез.

Влезот во СР Германија за каква било друга цел, како посети и туризам е возможен само за целосно вакцинираните лица и тоа само со вакцините кои ги признава ЕУ,  („Бионтек“/ Фајзер, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Модерна“). Притоа последната примена вакцина треба да биде најмалку 14 дена пред датумот на патувањето.

За лица кои не се вакцинирани, влез во Сојузна Република Германија е можен само во исклучителни и итни случаи, главно од здравствени причини, како што беше и во минатото.

Граѓани кои се вакцинирани со руската и со кинеските вакцина, за „Вистиномер“ велат дека се јавиле во Германската амбасада во Скопје, од каде им кажале дека нема да можат да влезат во Германија и во случај доплнително да примат трета доза на „Фајзер“, бидејќи условите се такви што за целосно вакцинирани се сметаат лицата кои добиле две дози вакцина одобрена од ЕМА

Италија

Со најновата одлука на италијанските власти, нашата земја се преместува од листа Д во листа Е, со што не е дозволено туристичко патување за државјаните на Република Северна Македонија во Италија. Притоа на нашите државјани им се дозволува влез исклучиво за: работни потреби; апсолутна итност; здравствени потреби; потреби за студирање; враќање во својот дом или живеалиште. При влез или враќање во Италија од нашата држава задолжително е презентирање на: пополнет онлајн формулар за локација (dPLF), негативниот резултат на молекуларен или антигенски тест покрај што, сепак следува задолжителна самоизолација и здравствен надзор во период од десет дена. По десетте дена изолација, задолжително е да се изврши дополнителен молекуларен или антигенски тест.

Исклучоци од самоизолација се овозможени на секој кој транзитира, со приватно возило, на италијанската територија во период не подолг од триесет и шест часа, со обврска, најдоцна на крајот на тој рок, да ја напушти националната територија, во спротивно да започне со период на изолација на адресата наведена во формуларот за лоцирање на патници во период од пет дена и на крајот на тој период да се подложи на молекуларен или антигенски тест; на секој што влегува во Италија за период не подолг од сто и дваесет часа (120) за официјални посети,  докажана работа, здравствена или апсолутна итна потреба, со обврска, по истекот на наведениот рок, веднаш да ја напушти националната територија или, во спротивно, да започне период на самоизолација на адресата наведена во формуларот за лоцирање на патници во период од пет дена и да се подложи, на крајот на овој период, на молекуларен или антигенски тест. Транзитот на аеродромот е дозволен, без напуштање на посебните области на аеродромот. Децата на возраст под шест години се ослободени од спроведувањето на молекуларниот или антигенскиот тест.

Австрија

За влез во Австрија, секој државјанин од нашата земја мора да обезбеди еден од следните докази: доказ за вакцинација или доказ за прележана ковид-19, што преставува единствен начин да се избегне карантин (самоизолација) од 10 дена. Карантинот може да биде прекинат по 5 дена со нов негативен резултат на ПЦР тест.

За примена вакцина со две дози, мора да покажете дека сте ја примиле втората доза не повеќе од 360 дена пред пристигнувањето.

За доказ за негативен тест за ковид-19, резултатите од молекуларниот биолошки тест (ПЦР) не смеат да бидат постари од 48 часа, а резултатите од тестот за антиген не смеат да бидат постари од 24 часа.

За доказ за закрепнување, мора да покажете доказ за закрепнување во изминатите 180 дена, пишува на веб-страницата на МНР.

Во Австрија може да се влезе со вакцини признати од Европската агенција за лекови  –  „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“ и  „Џонсон и Џонсон“, како  и со кинеските вакцини одобрени од Светската здравствена организација  –  „Синофарм“ и  „Синовак“.

Данска

Данска деновиве ги олесни ковид правилата за влез на државјаните на Република Северна Македонија. Со најновата одлука на данските власти, нашите државјани ќе можат да влезат во Данска без ограничувања или наведување валидни причини, но потребно е да приложат валиден ЕУ дигитален сертификат којшто вклучува потврда за вакцинација со вакцини одобрени од ЕМА) или потврда за прележан ковид-19, не постар од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.

Малта

За патување на Малта неопходен е сертификат за вакцинација, исклучок  се руската и кинеските вакцини кои не се признаваат, а оние кои немаат вакцинален сефтификат ќе мора да приложат негативен ПЦР тест и да бидат во задолжителен 14 дневен карантин, без разлика од која држава доаѓаат. Деца на возраст помеѓу 5 и 12 години исто така ќе треба да презентираат негативен тест за ПЦР ( децата под 5 години ќе бидат ослободени од оваа обврска), но за да патуваат во Малта ќе треба да бидат придружени од возрасно лице кое поседува признаена потврда за вакцинација.

Нашата држава и понатаму се наоѓа на црвената листа ризични земји, пишува на веб-страницата на МНР

Франција

Државјани на Република Северна Македонија во Франција може да влезат без дополнителни услови ако се вакцинирани со „Фајзер“, „Модерна“, „Астра Зенека“ или „Џенсен“, ако се поминати 14 дена од втората доза. Треба да приложат доказ за вакцинацијата и да пополнат изјава дека немаат симптоми на инфекција или контакт со ковид позитивен. 

Сепак, невакцинираните во Франција мора да приложат негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, или негативен антигенски тест не постар од 48 часа, да бидат во задолжителен карантин 7 дена, да пополнат изјава за неодложни причини за влез и престој во Франција, да пополнат изјава дека немаат симптоми на ковид и немале контакт со ковид позитивен, да се согласат на дополнителен антигенски или ПЦР тест при влез во Франција и да потпишат изјава дека ќе ја почитуваат седумдневната изолација.

Грција

Државјаните на Република Северна Македонија кои влегуваат во Грција се должни да имаат сертификат за вакцинација (на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик), заедно со доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на вакцинација или негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа, односно рапид тест или потврда за прележана болест.

Оваа наша соседна земја прифаќа вакцинални сертификати за повеќе вакцини и тоа: „Фајзер“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Џенсен“, „Синовак“, „Синофарм“, „Спутник В“, „Новавакс“, „Кансино Биолоџикс“ и „Ковишилд“.

Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

На државјаните на Севена Македонија за влез во Обединетото Кралство им е потребна важечка виза или дозвола за престој, пишува на веб-страницата на МНР.

Од 4 октомври 2021 година Обединетото Кралство започна со примена новиот двобоен систем на поделба на државите (црвена и зелена листа), наместо досегашниот трибоен систем (црвена, клибарна и зелена листа). Северна Македонија од килибарната листа премина во зелената листа на држави. Правилата за патување во зелената листа се разликуваат од тоа дали лцието е целосно вакцинирано или не. За целосно вакцинирано лице се смета она кое има примено вакцина чиј сертификат го признава ОК. Листата на вакцини и држави од кои се признаваат сертификатите може да се погледне на овој линк., пишува на сајтот на МНР.

Според наведеното, од 11 октомври, Република Северна Македонија е на листата на држави и територии од кои во Англија се признаени сертификатите за вакцинација. Па, ако државјанин на РСМ пристигне во Англија  може да користи сертификат за вакцина да го докаже статусот на вакцинација, но притоа мора да има примено комплетно една од следните вакцини најмалку 14 дена пред да стигне во Англија: „Оксфорд Астра Зенека“, „Фајзер“,  „Модерна“, „Џенсен“. Сертификатот мора да е на англиски, француски или шпански, да ги има личните податоци. Воедно нашиот државјанин пред патување во Англија мора да резервира и плати ПЦР тест за ковид, кој се прави вториот ден по пристигнувањето во Англија.

Лицата кои не се целосно вакцинирани, или имаат примено вакцина чиј сертификат Обединетото Кралство не го признава, пред патување треба да имаат негативен ковид тест не постар од 3 дена, а откако ќе стигнат во ОК мора да се во десетневна самоизолација, да се тестираат на вториот и осмиот ден. Ако двата теста им се негативни, самоизолацијата им завршува на десеттиот ден.

 Доколку лицата патуваат за Велс, Шкотска или Северна Ирска, за истите постојат други правила и тие може да се видат на следните линкови:
– За Велс: https://gov.wales/rules-foreign-travel-and-wales-coronavirus-covid-19-html
– За Шкотска: https://www.gov.scot/publications/coronavirus-covid-19-international-travel-quarantine/pages/red-amber-and-green-list-countries/
–За Северна Ирска: https://www.nidirect.gov.uk/articles/coronavirus-covid-19-travel-advice

Швајцарија

Од средината на сптември во Швајцарија повеќе не е во сила забраната за влез на државјани од трети земји, вклучително и од Република Северна Македонија, заради туристички или било каков друг вид престој, но само со потврда/сертификат за примени 2 дози од вакцина. Условот за поседување на негативен тест (PCR или Antigen), повеќе не се прифаќа како основ за влез за оваа категорија лица.

Покрај вакцините признаени од Европската агенција за лекови во Швајцарија може да се влезе и со кинеските вакцини „Синофарм“ и „Синовак“, но не и со руската „Спутник В“. Повеќе информации за видот на вакцината и условите за влез, може да се пронајде на следниот линк: https://travelcheck.admin.ch/check.

Доколку лицето ги исполнува условите за влез во Швајцарската Конфедерација, потребно е до 12 часа пред влезот во Швајцарија, да го пополни формуларот кој се наоѓа на веб страна на Федералната канцеларија за јавно здравје на Швајцарија, или поточно на следниот линк: https://swissplf.admin.ch/formula,  пишува на веб-страницата на МНР.

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата МетаморфозисТој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด