Агресивно однесување кон полициски службеници, фатени крадци и физички напад во изминатите 24 часа
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера доцна попладне, во 18:30 часот, на улица „Белградска“ во Велес го привеле С.Т.(50) од Велес, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Приведениот бил задржан во полициска станица по што бил известен јавен обвинител.
-По документирање на настанот против С.Т ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Според Ѓаковска со наредба од Основен суд Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле претрес во домот на E.Е.(35) во село Криволак, неготинско. При претресот биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривично дело „кражба“, претходно извршена во објект во селото, за која што се осомничени и на 04 јануари лишени се од слобода Н.Н.(20) и Ф.М.(20), двајцата од истото село. Предметите кои се пронајдени биле одземени и вратени на сопственикот.
Рано утринава, во 02:35 часот, во Полициската канцеларија Градско, Н.И.(36) од Градско пријавил дека во Градско бил физички нападнат од Н.К. од Градско. Портпаролката Ѓаковска соопшти дека полицијата презема мерки за расчистување и на овој случај.
Убавка Јаневска