Ако институциите ги игнорираат граѓаните, ГО и медиумите треба да го користат слободниот пристап за добивање на информации
Доколку граѓаните и граѓанските здруженија не успеат да добијат барана информација од страна на локални и национални институции ним на располагање им стои можноста за користење на правото на пристап до информации од јавен карактер. Тоа значи дека доколку се обратиле до Општина, Јавно претпријатие, без разлика дали е локално или национално, подрачни единци и Министерства, Агенции, локални и национални институции, но не успеале во намерата да добијат одговор за проблем или потребна услуга тогаш треба да ја симнат апликацијата од нивните веб – страници и во неа да напишат каков проблем имаат и какво решение имаат согласно Закон. Во овие случаи било кои од веќе спомнатите иституции имаат должност задолжително да одговорат и тоа не подоцна од 20 дена. Во спротивно институциите подлежат на казни како и задолжените во нив службеници или државни административци.
-Користењето на правото на слободен пристап до иформации и практикувањето во секојдневното работење на правото на пристап од страна на институциите значи градење на отворени, транспарентни институции од една страна и од друга страна едуцирани граѓани. Овие два елементи заедно, се еден од столбовите на градење на едно современо демократско општество. Информираните граѓани придонесуваат во креирање на јавни политики, политики коишто се однесуваат на животната средина, којшто ги интересираат сите граѓани, рече Директорката на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер Пламенка Бојчева, на едукативната средба организирана во Општина Велес.
Бојчева додаде дека институциите е потребно да бидат проактивни и да ги објавуваат секојдневно информациите со коишто располагаат, редовно да ги ажурираат своите веб – страни, да ги информираат граѓаните за сите новитети и сите аспекти од своето работење.
-Градејќи ги институциите како отворени транспарентни од една страна значи дека функционираат во демократско општество подеднакво за сите за што се дава придонес во развојот како на општеството така на државата и приближување кон европските вредности кон коишто се стреми нашата држава. Овие едукативни работилници се за можните баратели на ифнормации од јавен карактер или граѓаните, граѓанските организации коишто се најчести корисници на ова законско право, медиумите а учество на денешната едукативна работилница земаат и вработените лица одгворни за пристап до информации од јавен карактер во институциите кои најчесто посредуваат или имаат обврска. Со последните имаме редовна комуникација и за нивните потреби редовно одржуваме обуки коишто се бесплатни и се реализираат онлајн со цел преку работата на Агенцијата да дадеме придонес за што поголемо почитување на ова законско право, додаде Бојчевска.
Едукативната средба е дел од ИПА2 проектот „Транспарентност и отчетност на јавна администрација“. Агенцијата како прва ја избра општина Велес а од утре ќе продолжи и во останатите 79 општини на територијата на државата.
Стефани Манева