Активен пожарот кај селата Дреново и Долно Јаболчиште во Чашка
Објавено на 16 јули, 2024 во 10:40

Десет вработени од ЈП Национални шуми – подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население на село Долно Јаболчиште учествуваат во гасењето на шумскиот пожар на отворено на планината Голешница на врвот Лисец.
– Пожарот е се уште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец, не пости опасност да зафати населени места. Зафатена површина од околу 20 ха ниско стеблеста деградирана шума и дел од дабова шума. Во текот на раните утрински часови повторно ќе се интеревнира, соопштија од Центар за управување со кризи.
Инаку пожарот започна на 13 јули, годинава во 17:00 часот.
Дума.мк
