Активни се два и под контрола е трет пожар на територијата на Општина Чашка

Објавено на 16 август, 2024 во 15:42
Фото: Архива на ЦУК

Центар за управување со кризи денеска информираше за двата активни пожари на територијата на Општина Чашка. Првиот е на планина „Мукос“ на потег кон село Дреновци во Општина Прилеп  каде гори мешана шума и вториот, во којшто гори нискостеблеста вегетација и е во околината на село Мокрени. Освен овие на територија на државата има уште 10 или вкупно 12 активни пожари.

Исто така, помеѓу шесте пожари коишто се под контрола е и пожарот помеѓу селата Папрадиште и Ореше, на територија на оваа општина. Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 35 пожари во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден, четврток, 15.08.2024 година, имаше вкупно 53 пожари, соопшти ЦУК.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.