Ангелче Николов во велешкиот суд призна дека го прегази девојчето Магдалена

Објавено на 15 март, 2023 во 14:36

Триесет годишниот Ангелче Николов којшто возејќи пијан на пешачки премин во Велес,  ја усмрти единаесет годишната Магдалена на место на несреќата, со реченицата „Признавам вина и му се извинувам и на семејството и на јавноста“ денеска, во велешкиот суд ја призна вината. Тој додал дека е свесен за последиците од признанието, добивањето на затворска казна како и плаќањето оштета и трошоци.

На првото рочиште, не биле сослушувани сведоци бидејќи обвинетиот Николов го признал кривичното дело. Обвинителката Славица Темелковски побарала од судот при изрекувањето на пресудата да го има предвид тоа што Николов два пати бил казнуван за возење во алкохолизирана состојба и што два дена по несреќата се криел од полицијата. За обвинителството не се предмет на обвинение останатите три лица, кои во кобниот момент, се наоѓале во автомобилот на Николов поради тоашто не располага со докази дека тие имале било каква врска со кривичното дело.

Правниот застапник на семејството на жртвата, Јанаки Митровски, од обвинителството побара да се истражи кој два дена го криел сторителот истовремено не се согласил ни со квалификацијата на повредата на мајката на Магдалена. Митровски наместо лесна барал одговорност за тешка телесна повреда. Додека пак, адвокатот на Николов, Анреја Весов, од судот побарал да ги смета како олеснителна околности тоа што обвинетиот го признал делото и што самоволно се пријавил во полиција.

Според судијката Габриела Гајдова пресудата за ова кривично дело на Ангелче Николов ќе биде јавно соопштена во петок на 17 март, во 12:00 часот.

Инаку, несреќата се случи на 17 декември, минатата година, на улицата „Борис Трајковски“ во близина на училиштето „Васил Главинов“ во Велес. Тогаш Николов пијан и со голема брзина на пешачки премин удри во малата Магдалена и во нејзината мајка, по што девојчето почина на лице место. Во тој момент сега обвинетиот Ангелче Николов не застанал на местото на тешката сообраќајна несреќа туку продолжил да вози и по криење од органите за прогон по два дена се сам се пријавил во Полициска станица Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.