Автомобил излетал од автопат, кај „Црвени брегови“, возач од Миравци се здобил со сериозни повреди

Објавено на 5 јануари, 2024 во 12:39

На автопатот Градско – Неготино, кај место викано „Црвени Брегови“, вчера, во 13:20 часот, се случила сообраќајна незгода патничко моторно возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.А.(37) од село Миравци, гевгелиско, излетало од коловозот.

-Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, рече Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

-По извршени прегледи и направена компјутерска томографија добиен е резултат на скршена коска на черепот кај пациентот. Тој поради тежината на повредата веднаш, со возилото на Итна помош на Здравствен дом Неготино е транспортиран на Универзитетска Клиника за неврологија во Скопје, рече Д-р Диме Коцев директор на Општа болница Кавадарци.   

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.