Без вода утре шест улици во Велес
Објавено на 11 мај, 2022 во 12:06
Поради неопходни работни активности, утре, прекин на водоснабдувањето ќе има на шест улици во Велес, соопшти Јавно комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил.
Без вода ќе бидат улиците 11 Октомври, Никола Карев, Борис Трајковски, Георги Војтех, Тодор Христов Офицерчето и дел од улицата Благој Ѓорев.
Работници на ЈКП „Дервен“ со работа ќе започнат во 09:00 часот и прекин на водата ќе има се до завршувањето на работите.
Стефани Манева