Биди и ти дел од традиционалната зимска крводарителска акција во Велес
Објавено: 10 јануари, 2023, во 11:28 часот
Првата крводарителска акција во новата 2023 година ќе биде организирана на 15 јануари, недела, во просториите на велешкиот театар „ЈКХ – Џинот“. Црвен крст ги поканува сите заинтересирани граѓани да учествуваат во акцијата.
– Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да дадат придонес за јавното здравје на населението да учествуваат на акцијата. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, пишува во соопштението на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес.
Традиционалната зимска крводарителска акција започне во 09:00 часот и ќе трае до 14:30 часот.
Стефани Манева




