Блокада, утре, на патните правци кон населба Чашка
Објавено на 4 февруари, 2024 во 13:45
„Секторот за внатрешни работи Велес ги известува жителите на oпштина Чашка и околните села дека поради најавен протест од група на граѓани, во понеделник, на 5 февруари 2024 година , во времето од 7:00 часот до 10:00 часот ќе бидат целосно затворени за сообраќај регионалните патните правци Р 1312 Велес – Извор – Прилеп, кај место викано „Витанска крстосница“ и Р 2344 Чашка – Лисиче – Дреново, кај место викано „Раковска крстосница“, соопшти полицијата.
Според известувањето, двата истовремени протести, ќе се одржат на патните правци од двете страни на влез во населба Чашка и тоа првиот „Витанска крстосница“ на Долги Рид и „Раковска крстосница“ од страната на влез во населбата од населените места Лисиче и Дреново.
Дума.мк